Судијата Дарен Драјсдејл, кој пред два дена делеше правда на фудбалскиот меч од англиската Лига 1 помеѓу Ипсвич и Нортхемптон, во еден момент целосно ги загуби нервите и почна да му се заканува на играч на домашниот тим со кого влезе во сериозен конфликт.
Арбитерот по кратка расправа, буквално му се внесе во лице на играчот Алан Џаџ (презимето на овој фудбалер на англиски значи судија) и притоа му покажа жолт картон. Останатите играчи притрчаа за да спречат поголем инцидент.
По мечот, судијата се извини, но ФА го товари за непрофесионално однесување и веројатно ќе има некаква санкција.
Вака изгледа кога судија дели правда на терен на непрофесионален начин:
Welcome to #CelebrityRefs, Mr Darren Drysdale.
(via @charlescommins)pic.twitter.com/eYHr0WJRvY
— Celebrity Refs (@CelebrityRefs) February 16, 2021