Вулверхемптон го победи Лидс со 1-0 во меч од Премиерлигата, а голот беше запишан како автогол на голманот Илан Мелие. Французинот беше многу несреќен, бидејќи по „ракетата“ на Адама Траоре, топката удри во пречката, се одби од грбот на Мелие и заврши во неговиот гол. Мелие со 20 години и 354 дена е најмладиот голман во историјата на Премиерлигата кој си дал автогол.
Езџан Алиоски беше резерва, а во игра влезе во 81-ва минута.
Екипата на Лидс даде еден гол, стрелец беше Патрик Бамфорд, но по прегледување на ВАР, голот беше поништен поради минимален офсајд.
За Лидс ова е трети пораз во последните четири кола, па во некоја друга прилика ќе чекаат да ја прослават 200-тата победа во Премиерлигата. Проблем за Лидс е неиграњето на капитенот Калвин Филипс. Без него во составот, Лидс има црна серија од пет порази по ред.
Ова е единствениот гол вечерва:
https://twitter.com/i/status/1362878379901526022