Глупоста на Дрејмонд Грин и кош со сирената на Розиер му пресудија на Голден стејт (Видео)

Шарлот хорнетс и Голден Стејт вориорс им приредија драматичен меч на гледачите, а конечниот резултат од 102-100 за Стршените, беше поставен во последната секунда од натпреварот кој ја одбележа вечерта во НБА лигата.

Воините водеа со 100-98, и тогаш на 9 секунди до крајот, Дрејмонд Грин беше исклучен поради две технички лични грешки. Грин им подари слободни фрлања на противниците и напад, а Шарлот тоа го искористи максимално. Беа погодени двете слободни, а во последната секунда Тери Розиер од тешка позиција даде кош за победа. „Страшниот Тери“ како што го викаат Розиер, средбата ја заврши со 36 поени и осум тројки од 11 обиди. Кај Вориорс не играше Стеф Кари, кој пред самиот почеток на мечот се пожали на повреда.

Вашингтон визардс предводен од Расел Вестбрук (27 поени, 11 скока и 13 асистенции) и Бредли Бил (37поени) дојде до четвртата победа по ред, а жртва беше Портланд кај кој Демиен Лилард даде 35 поени и 12 асистенции. Феникс погоди 24 тројки што е клупски рекорд, во убедливиот триумф на гостувањето кај Мемфис и притоа Крис Пол стана шести асистент на сите времиња, а првакот Лос Анџелес лејкерс загуби од Мајами со 94-96 во најнеефикасниот меч синоќа.

Ова е тројката на Розиер со која му пресуди на Вориорс:

https://twitter.com/i/status/1363328663710617600

- Оглас -

Најнови вести