Пред неколку години работеше на бензиска пумпа, а сега успеа да го победи најдобриот снукер играч на сите времиња

Џордан Браун е 34- годишен снукер играч кој само пред пет години работел на бензиска пумпа и размислувал да стави крај на спортската кариера, но не се откажа. Потегот да остане во снукерот се покажа како вистинска одлука на Браун затоа што тој е новиот освојувач на еден од најпрестижните турнири, Велс Опен.

Во финалето, Браун како 81-ви на светската ранг-листа во снукерот за противник го имаше Рони О’Саливен. Снукер играчот за кого многумина веруваат дека е најдобар во историјата беше голем фаворит за победа, но Браун не мислеше така.

Браун победи со 9:8 во фремови во финалето. Тоа што е позначајно е дека Браун постојано беше во предност. Водеше со 4:1, па 5:3, а потоа О’Саливен стигна до 6:6. Кога се мислеше дека Браун ќе потклекна на притисокот, се случи спротивното. Браун поведе со 8:7, но не ја искористи првата меч-топка. Сепак, во вториот обид Браун победи и стигна до триум до 9:8.

За освоената титула Браун заработи 70.000 фунти, а уште поважно за него е дека обезбеди опстанок на Про турнирите.

- Оглас -

Најнови вести