Некогашниот стопер на Реал Мадрид, Пепе, во интервју за еден португалски медиум раскажа за посебниот однос кој го имал со неговата мајка. Пепе, кој сега е играч на Порто и познат е по своите грубости од минатото, роден е во Бразил, но по преселбата во Португалија, зеде португалско државјанство.
„Многу бев размазен. Додека не дојдов во Португалоја, значи некаде до мојата 17-та година, спиев во кревет со мајка ми. Може ли да замислите? Веќе бев висок и спиев со моите, тоа веројатно не му се допаѓаше на татко ми. Неодамна разговарав со мајка ми и таа се сети колку сакав да ги провлекувам прстите низ нејзината коса. Изгледа уште тогаш сум знаел дека многу време ќе поминеме одвоени“, раскажува 38-годишниот Пепе во неговата шокантна исповед.
Пепе од резерва во Маритимо стигна до дресот на Порто, од каде што се пресели во големиот Реал Мадрид и таму беше незаменлив цели 10 сезони. Сега пак е во Порто, па затоа сите што знаат каков темпераментен играч е на терен се изненадени што како тинејџер бил многу размазен.