Синиша Михајловиќ: Во денешно време би давал голови од слободен удар со затворени очи

Алесандро дел Пјеро и Синиша Михајловиќ, кои заедно со Андреа Пирло се најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на италијанското првенство, разговараа на темата зошто се постигнуваат помалку голови од прекин отколку во нивно време кога беа играчи.

Михајловиќ, кој е тренер на Болоња, вели дека и сега е подобар во слободни удари од играчите кои ги тренира, иако 15 години не е активен фудбалер. Србинот во Серија А има дадено 28 гола од слободни удари, исто толку има и Пирло, а Дел Пјеро е трети со 22.

„Во наше време, со вакви живи ѕидови кои стојат прописно колку што треба, ние ќе дававме голови од слободни удари со затворени очи. Дури и сега, 15 години по моето завршување на играчката кариера, на тренинзите давам повеќе голови од слободен удар од сите мои играчи. Ние после тренинг останувавме за да шутираме слободни удари и се натпреварувавме меѓу себе. Откако работам како тренер, ниту еднаш не дошол кај мене играч и да ми каже дека ќе остане за да вежба слободни удари“, вели Михајловиќ, кој во декември 1998 година на еден меч помеѓу Лацио и Сампдорија даде дури три гола од слободни удари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести