Димитриос Пелкас доживеа хорор повреда по која заврпи во болница, а по страотниот судар со Нејц Скубиќ си го прегриза јазикот и падна во бесознание на теренот.
Фудбалерот на Фенербахче не го забележа противникот од Коњаспор на денешниот дуело од турскаат Суперлига и со цела сила се зби во него и се повреди.
Моментот од 80. минута и страотниот судар и дуел меѓу Пелкас и Скубиќ можете да го погледнете ОВДЕ.
Пелкас веднаш беше пренесен во болница, но по првичните прегледи прогнозите се одлични и Пелкас нема сериозни повреди, па си замина за Истанбул со остатокот од екипата на Фенербахче.
Член на Коњаспор е младинскиот репрезентативец Ердон Даци, но денеска беше резерва на мечот што Фенербахче го доби со 3:0.