Нексе го тестира ослабениот Вардар во СЕХА лигата

Без Стоилов, Јотиќ, Валчак и Димитриоски, екипата на Вардар 1961 од 17 часот гостува кај хрватски Нексе од Нашице во дуел од СЕХА лигата, но нема да се откаже од освојување на три бода. Мечот е значаен, Вардар дома го победи Нексе со 27-26, па Хрватите со нов тренер, сакаат да се реваншираат и да го преземат второто место во групата во која без пораз е Мотор, тим со кој Вардар игра веќе задутре во Скопје.

„Овој натпревар доаѓа во незгоден момент за нас. Во ЕХФ репрезентативната недела имавме само седум играчи и два голмани и не можевме многу да работиме на тренинг. Имаме проблеми со повредени играчи. Начинот на игра на Нексе не е сменет, променет е само начинот на транзиција, и сега играат помалку 7 на 6 со новиот трнер. Ние ќе играме со 13 играчи и 3 голмани и ќе се обидеме да се вратиме како победници“ – тренерот на Вардар 1961, Стевче Алушовски.

- Оглас -

Најнови вести