Чаби Алонсо не го прифати бундеслигашкиот предизвик (Видео)

Фудбалската легенда Чаби Алонсо не го прифати бундеслигашкиот предизвик и понудата на Борусија Менхенгладбах, веќе ова лето да биде нов тренер на тимот и го продолжи договорот со втората екипа на Реал Сосиедад.

Баскијците се пофалија со објава дека Алонсо го продолжи договорот и за идната сезона, односно до 2022 година.

Дел од германските медиуми неодамна објавија дека Алонсо веќе е договорен со раководството на Борусија Менхенгладбах да го замени сегашниот тренер, Марко Розе, кој летово ќе се пресели кај имењакот во Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести