Фудбалерите кои вечерва ги постигнаа двата гола во финишот на дуелот Ерменија – Романија, и ерменската селекција со победа од 3-2 ја искачија на прво место во квалификациската група за СП, добија жолти картони, што за нив значи неиграње на следниот меч, а тоа е против Македонија.
Големо олеснување за нашата селекција е што кај Ерменија ќе ги нема капитенот Вараздат Харојан, голгетерот Тигран Барсегјан и Корен Бајрамјан кој е член на руски Ростов. Некогашниот фудбалер на скопски Вардар, Барсегјан, го даде победничкиот гол од пенал вечерва против Романија, а погоди во победата над Исланд.