Лазаров урна рекорд на Штербик во ракометната Лига на шампиони

Кирил Лазаров, селекторот на македонската репрезентација и член на Нант, и официјално е рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Македонскиот бомбардер во овие моменти го игра 250-тиот меч во својата кариера во ЛШ во реваншот од осминафиналето против Кјелце оставајќи го зад себе Арпад Штербик, кој пред пензијата одигра 249 натпревари.

Инаку, Лазаров од поодамна е рекордер во ЛШ со најмногу постигнати погодоци, на своето конто има дури 1.369 гола, па неговото искуство ќе му биде потребно на Нант да избори пласман во топ 8 фазата.

По првото полувреме, Нант води со 15:13 на гости кај Кјелце, резултат кој им одговара на Французите, а Лазаров од три шута постигна еден гол.

- Оглас -

Најнови вести