На Мундијалот во Катар, линиските судии ќе имаат помош и ќе станат непогрешливи

Светската фудбалска асоцијација ФИФА ќе користи автоматизиран систем за одредување офсајд-позиции за време на Светското првенство во Катар следната година, соопшти некогашниот тренер Арсен Венгер, кој сега работи во ФИФА како прв човек на комисијата за развој на фудбалот.

Според ексменаџерот на Арсенал, линиските судии веднаш ќе добиваат сигнал дека има офсајд и ќе им остане само да го кренат знаменцето.

„Мислам дека системот за автоматски офсајд ќе биде готов до летото 2022 година. Со сегашната технологија се чека по 70-80 секунди за потврда и се прекинува радоста по гол заради минимални офсајди. Линиските судии веднаш ќе добијат сигнал на нивниот часовник дека има офсајд“ – изјави Венгер.

- Оглас -

Најнови вести