Рајола има неверојатен план за Халанд

Сите европски гиганти кои се финансиски поткрепени да го издржат потписот на Ерлинг Халанд се пуштија во акција да го купат младиот норвешки голгетер ова лето. Од таборот на Борусија Дортмунд тврдат дека Халанд ќе остане меѓу Милионерите најмалку уште една сезона пред да прифатат гигантска сума која според шпекулациите, достигна повеќе од 150 милиони евра.

Знаејќи дека е барана роба, агентот на Халанд, Мино Рајола, скрои неверојатен план според кој ќе му донесе огромна заработка на напаѓачот во подем. Имено, Рајола планира да избори договор за Халанд со неделна милионска заработка, со што би станал прв фудбалер во историјата со милион евра примања седмично.

Од гигантите кои „војуваат“ за услугите на Халанд, јасно е дека само Манчестер сити и ПСЖ може да издржат толкави трошоци околу еден играч, но останува прашањето дали младата ѕвезда на Дортмунд ќе сака да заигра за англискиот, односно францускиот гигант, со оглед на тоа дека желбата му е да го облече белиот дрес на Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести