Италијанскиот Ѓоковиќ уште треба да учи за да биде како вистинскиот Новак

Новак Ѓоковиќ со 6-4, 6-2 го совлада 19-годишниот талентиран италијански тенисер Јаник Синер во првото коло на Мастерсот во Монте Карло, кој се игра на земјена подлога. За Србинот, ова беше прв меч од она финале на Отвореното првенство на Австралија, кога ја освои титулата. Во Монте Карло се очекува финале помеѓу двајцата најдобри на светот, Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но тие прво треба да ги минат сите пречки.

Синер, кој е на 22-рото место на АТП-листата, го нарекуваат нов Ѓоковиќ, но немаше сили за сензација против Новак, за кого почнува сезоната на земја, која треба да кулминира на парискиот „Ролан Гарос“.

Во првиот сет, Синер освои два гејма на сервис на противникот, но Ѓоковиќ враќаше и го освои тој сет. Во вториот сет немаше голема неизвесност. Мечот траеше 1 час и 35 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести