Челзи се распрашува за големиот талент на Милионерите и доби одговор од 100 милиони евра

Челзи е заинтересиран за ангажман на Џуд Белингем, големиот талент на Борусија Дортмунд, но веќе и репрезентативец на Англија со само 17 години.

Сините од Стемфорд Бриџ имаа шанса да го купат Белингем, во ланскиот летен преоден рок, но Борусија беше поконкретна и за сума од 25 милиони фунти го купи големиот талент од Бирмингем сити.

Цената од 25 милиони фунти е рекорден трансфер за 17-годишник, а Џуд има и клаузула за бонуси што дополнително ја зголемува цената. Сега Борусија го цени на цели 100 милиони евра, што е и нивниот одговор по интересот на Челзи.

Белингем игра стандардно за клубот од Дортмунд, постигна и гол против Манчестер сити во реванш-полуфиналето во Лигата на шампионите по кој Милионерите испаднаа, но цената на Џуд си расте.

Вкупно тинејџерот сезонава одигра 39 натпревари во „жолтиот дрес“ на Бундеслигашот и постигна три гола.

 

- Оглас -

Најнови вести