Еден од најдобрите играчи на Црвена ѕвезда го лажирал идентитетот

Репрезентацијата на Габон може да биде дисквалификувана од Африканскиот куп на нациите поради жалбата која ја поднесе Фудбалската федерација на Конго. Причина за жалбата е идентитетот на фудбалерот на Црвена ѕвезда, Гелор Канга.

Според тврдењата од Конго, играчот за врска на Црвена ѕвезда го има лажирано својот идентитет, како и датумот кога е роден. Во една емисија наречена „Африкански таленти“ се тврди дека Канга не е роден на 1 септември 1990 година, туку на 5 октомври 1985 година. Тоа значи дека овој фудбалер сега има 35 години, а не 30 како што официјално стои.

Канга е роден во Конго, од каде што се и неговите родители, а вистинското име му е Киаку-Киаку Канга. Кога заминал во Габон, тој решил да го промени идентитетот и да стане државјанин на Габон. Една од причините да го смени државјанството било за да може да игра како домашен фудбалер во Габон затоа што како странец не можел да успее.

Челниците на Африканската конфедерација најавија дека ќе го истражат случајот, додека од Црвена ѕвезда стигна демант на ваквите тврдења и соопштение дека тие целосно му веруваат на својот фудбалер. Канга има договор со српскиот првак до јуни 2023 година.

 

- Оглас -

Најнови вести