Деле Али се проби во противнички шеснаесетник, ја љуби ќерката на Гвардиола

Ѕвездата на Тотенхем, Деле Али е во љубовна врска со Марија Гвардиола, ќерката на познатиот шпански тренер, моментно и шеф на стручниот штаб на англискиот првак Манчестер сити.

Британски „Сан“ објави фотографија од заљубениот пар, а очевидци велат дека Али и Марија воопшто и не се обидувале да ја кријат врската.

Фудбалерот на Тотенхем важеше за еден од најталентираните во Англија, Спарс најавуваа дека цената му е околу 100 милиони евра, но сезонава ретко игра. Има само 12 настапи за Тотенхем во Премиерлигата и интересот од европскуте гиганти за негов ангажман спласна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести