Трабзонспор со шмек од Серија А ќе ги урива трите турски гиганти

Трабзонспор има план да ја разбие доминацијата на трите турски гиганти, Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ кои заедно имаат 72 шампионски круни, а тргнаа со купување на два играчи што досега настапуваа во Серија А во Италија.

Веќе се е договорени со Бруно Перес, фудбалер на Рома и со Жервињо, кој настапува за Парма, па тие двајца ќе бидат само почеток на ренесансата што е најавена кај шесткратниот турски првак.

Трабзонспор е последниот член на таканаречената голема четворка во турскиот фудбал, но немаат титула веќе 37 години. Последен пат беа прваци во сезоната 1983/84 и со шест шампионски круни се на четвртото место на вечната листа, зад рекордерот Фенербахче со 28 пехари, Галатасарај со 23 и Бешикташ, кој е нов шампион и има 21 титула.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести