Серхио Регилон денов ќе го памети како најлош во неговата кариера поради што практично им ги подари бодовите на Астон вила. Гостите од Бирмингам триумфираа со 2-1 на стадионот од Тотенхем и им го загрозија пласманот на Петлите во Лигата на Европа.
Регилон во 20-тата минута на мајсторски начин си ја затресе сопствената мрежа, по што Астон вила без мака дојде до израмнување од 1-1. Неговиот автогол беше јубилеен илјадити во историјата на Премиер лигата, но таму не завршија маките за шпанскиот репрезентативец.
Во 39-тата минута, Регилон во обид да се ослободи од топката, лошо деганжираше, па гостите креираа брза акција во опасната зона, која Воткинс ја круниса со победнички гол за 2-1.
Во меѓувреме, Евертон со голот на Ричарлисон триумфираше со минимални 1-0 против Вулверхемптон, со идентичен резултат Њукасл беше подобар од Шефилд јунајтед.