Ремек-делото на Регилон е од историско значење во Премиер лигата

Тотенхем губи со 1-2 на домашен терен против Астон вила, а двата гола во мрежата на Љорис се вина на левиот бек Серхио Регилон. Шпанецот во 20-тата минута си постигна спектакуларен автогол, по кој гостите израмнија на 1-1, а тој има посебно значење за англиското првенство.

Имено, автоголот на Регилон е јубилеен илјадити во историјата на Премиер лигата, постигнат по точно 10.483 дена од првиот автогол во режија на Марк Кросли за Нотингам форест во август 1992 година.

- Оглас -

Најнови вести