На Келн му беше доста едно полувреме за да остане Бундеслигаш

Фудбалерите на Келн можат да здивнат по победата од 5:1 против Кил во реванш мечот од германскиот бараж за последното место во Бундеслигата идната сезона.

Популарните Јарци пристигнаа на гости кај второлигашот со негатива од 0:1 по првиот меч што го загубија на домашен терен, но одиграа брилијантно прво полувреме.

Гостите постигнаа дури четири гола за 39 минути во првото полувреме вечерва, а стрелци беа Хектор, двапати Андерсон и Чичос, па предноста од 4:1 ја задржаа и зголемија до крајот на реваншот и останаа во Бундеслигата. Стрелец на последниот гол за Келн беше Шкири во 84. минута.

Почесниот гол во вториот меч денеска за Кил го постигна Ли Јае-Сунг, но тоа беше недоволно, заедно со победата од 1:0 од првиот меч да  станат членови на најсилната германска лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести