Мојот пријател, мојот брат треба да седне на клупата на Реал Мадрид

Зинедин Зидан вторпат самоиницијативно си замина од клупата на Реал Мадрид, па сега е испразнето тренерското столче во најтрофејниот шпански клуб. Засега нема конкретен фаворит за тоа кој може да биде новиот тренер на Реал Мадрид, а легендата на клубот Луиш Фиго има свој фаворит.

„Би сакал Раул да биде тренер на Реал. Тој е мој пријател и брат. Сепак, сè зависи од тоа што планираат челниците на клубот. Сигурен сум дека ако не сега, во иднина Раул ќе седне на клупата на клубот кој е негов живот. Важно е тренер да биде некој што беше Зидан, човек кој може да се идентификува со Реал Мадрид“, вели Фиго.

Раул е фудбалска икона на Реал Мадрид, клубот во кој помина дури 16 години и во 741 натпревар даде 323 голови. По заминувањето од Реал, Раул играше за Шалке 04, Ал-Сад и Њујорк Космос, каде што ја заврши кариерата во 2015 година. Раул потоа се врати во Реал, каде што започна тренерска кариера. Од 2018 година работи како тренер во младинските категории, а сега може да добие шанса да биде тренер на првиот тим на Кралевите.

Освен Раул, како кандидати за наследници на Зидан се споменуваат Антонио Конте и Маурисио Покетино.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести