Буендија направи рекорден трансфер и сепак е тажен

Еми Буендија и официјално е нов член на Астон вила и денеска во историски ден за Норвич и за неговиот нов клуб од Бирмингам, со рекорден трансфер за двата табори од 40 милиони евра, сепак има причини и за тага.

На денот кога го потпиша рекордниот договор со траење од пет години на 24-годишниот соиграч му соопштија дека ќе биде вишок во репрезентацијата на Аргентина за Копа Америка.

https://twitter.com/AVFCOfficial/status/1403023204965355526?s=20

Со Буендија кај Гаучосите, кои се меѓу топ-фаворитите за титулата во Јужна Америка, од составот испаднаа и Лукас Окампос, Хуан Фојт и Хосе Паломино.

Големо изненадување е изостанокот и на Буендија и особено на Окампос и Фојт, кои беа стартери за Аргентина на неодамнешниот дуел против Чиле во квалификациски меч за настап на Мундијалот во Катар следната година.

Копа Америка ќе се игра во Бразил од 13 јуни до 10 јули.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести