Манчини: Да не се залетуваме, патот до титулата е долг

Селекторот на Италија, Роберто Манчини има зошто да биде задоволен по одигрување на првиот меч на Европското првенство. Аѕурите со 3:0 ја победија Турција и навивачите веќе размислуваат за освојување на титулата, но Манчини не сака да се прави еуфорија.

„Одигравме блескав меч. Штета што не успеавме да дадеме гол во првото полувреме. Не беше лесно затоа што Турција има добар состав. Во вакви мечеви секогаш е тешко. Имавме и помош од трибините и среќен сум што победивме. Најважно е што стартувавме со победа и ги израдувавме навивачите, но патот до финалето е долг. Има уште шест меча“, вели Манчини.

 

- Оглас -

Најнови вести