Не им е денот на голманите: Мак махерски ги насамари Полјаците, па го натера Шченсни да си даде автогол (видео)

Словачка ја изненади Полска со водечкиот гол во 18-тата минута, кој е запишан како автогол на голманот Војќех Шченсни, но поголемиот дел од работата ја заврши Роберт Мак.

Крилото на Словачка одлично се ослободи од двајца противнички играчи, проби по левата страна и шутираше од незгоден агол. Полскиот голман прво ја допре топката, но таа се одби од дирекот и во неговата глава пред да влезе таму каде што не треба.

Бидејќи административно се смета за автогол, Шченсни е првиот голман во историјата на Европските првенства со автогол.

 

- Оглас -

Најнови вести