Победата на Бразил над Колумбија од 2-1 на синоќешниот меч од Копа Америка предизвика многу контроверзии не само затоа што судијата Нестор Питана дозволи да се играат уште дури 10 минути по истекот на регуларните 90, а Бразилците до победничкиот гол на Касемиро дојдоа токму во 100-тата минута, туку судијата недозволиво учествуваше во акцијата за 1-1 во 80-тата минута.
При водство на популарните Кафетероси од 1-0, Нејмар додаваше и топката го погоди судијата Питана. Тој наместо да ја прекине играта, како што наложуваат правилата, дозволи акцијата на Кариоките да продолжи и тие неколку секуди подоцна преку Фирмино изедначија на 1-1. Протестите на Колумбијците беа залудни и од ВАР-собата го потврдија погодокот.