Англија уште од славното и контроверзно финале на Светското првенство во 1966 година немаше победа над Германија на големите натпреварувања, а денеска, откако го разбија повеќедеценискиот малер, со свој коментар на „Твитер“ се јави и легендата Гери Линекер, кој пред 30-тина години ја има дадено позната изјава дека „фудбалот е игра во која играат 11-мина против 11-мина и на крајот секогаш победува Германија“.
Германија веќе не е непобедлива, па Линекер го промени мислењето.
„Мислам дека е време фразата дека Германците секогаш победуваат да оди во кревет. Нека почива во мир“, порача Линекер, кој сега работи како телевизиски аналитичар и коментатор.