Возбудливата трка ќе има фото-финиш – Еден Португалец отпадна, сега втор е закана за трансфер на Ангеловски во Фенербахче

Паоло Фонсека во последен момент може да го расипе трансферот на Игор Ангеловски во Фенербахче, објавија турските медиуми.

Неодамнешниот тренер на Рома во последен час стана интерсен за Фенербахче, а првиот човек на клубот Али Коч треба да го објави името на новиот шеф на стручниот штаб до крајот на оваа седмица.

До неодамна имаше само тројца кандидати, Нуно Еспирито Санто, кој е Португалец, потоа хрватскиот селектор Златко Далиќ и нашиот селектор Ангеловски.

Санто одлучи да ја прифати понудата на Тотенхем, Далиќ објави дека останува селектор на Хрватска, па се чинеше дека Ангеловски е пред сигурен трансфер во клубот кој има 28 шампионски круни и е најтрофеен во Турција.

Но, во последен час вториот Португалец Фонсека, кој е роден во Мозамбик, влета во игра за испразнетото место на клупата на Фенербахче и може да го загрози трансферот на Ангеловски.

Сепак, како што објавија турските медиуми, Коч сè уште не одлучил кој ќе биде нов тренер на Фенербахче, па затоа е и одложена најавената промоција што требаше да се случи во понеделникот.

 

- Оглас -

Најнови вести