Милан успеа да сочува неколку милиони евра бидејќи договорената сума за откуп на договорот на Сандро Тонали од Бреша падна од 25 на 17 милиони евра. Росонерите веќе исплатија 10 милиони евра со позајмицата, а денес играчот за врска требаше да ја комплетира преселбата на „Сан Сиро“, но поради суеверијата на газдата на италијанскиот второлигаш, овој ангажман се одложи за еден ден.
Прво, Милан нема да доисплати уште 7 милиони евра, туку 6.999.999 евра за сумата да не изнесува 17 милиони евра бидејќи сопственикот Масимо Селино смета дека бројот 17 е несреќен. Исто така ќе се почека 24 часа за да се официјализира овој ангажман бидејќи Селино не прави зделки во вторник.