Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши да ја казни Англија поради непростојното однесување на дел од домашните навивачи за време на полуфиналниот дуел против Данска на „Вембли“.
Дисциплинската комисија изрече глоба од 30.000 евра за Англичaните поради тоа што од трибините имало насочено ласер директно во лицето на противничкиот голман Каспер Шмајхел и тоа во моментите кога Англија шутираше пенал во дополнителните 30 минути игра.
И покрај ласерот кој беше директно во неговите очи, Шмајхел успеа да го одбрани пеналот на Хари Кејн, но голгетерот на Англија прв стигна до одбиената топка и потоа успеа да постигне гол за 2:1, што на крајот се покажа и како клучен за пласман во финалето на ЕП 2020.