Бајрон Скот се посрамоти со лошото познавање на историја и ја смести непостоечката Југославија како еден од главните конкуренти на американскиот дрим-тим за титулата на олимпискиот турнир во кошарка на Игрите во Токио.
Скот стои слабо и со актуелните случувања и во кошарката, па ја спомна и Русија како еден од кандидатите за медал, иако Русите воопшто нема да настапат во Токио бидејќи не се пласираа за ЛОИ.
Некогашниот голем НБА ас со три титули во НБА-лигата, сите освоени со Лос Анџелес лејкерс, успеа да погоди само една репрезентација и очекува Франција да биде закана за дрим-тимот на САД, предводен од Дурант, Лилард, Бил, Тејтум, Мидлтон, Букер…
Олимпискиот турнир во кошарка ќе се игра од 25 јули до 7 август.