И Американците се запалени за фудбал – Повеќе луѓе го гледаа финалето на ЕП од НБА-серијата за титула

И Американците се запалени за фудбал, а спортските експерти се изненадени од податокот дека во САД повеќе гледачи имало за финалето на Европското првенство меѓу Италија и Англија, отколку на сите три меча што досега ги одиграа Феникс санс и Милвоки бакс во финалната плејоф-серија за титулата во НБА-лигата.

Објавен е податок дека драмата на „Вембли“ во Лондон меѓу Аѕурите и Гордиот Албион што ја доби Италија на пенали го следеле во живо на ТВ, или на различни платформи, околу 9,4 милиони луѓе во САД.

Трите дуели меѓу Феникс и Милвоки во финалето на НБА-лигата вкупно го гледале 8,9 милиони луѓе. Американците во последните години многу вложуваат во популарниот сокер, како што го нарекуваат фудбалот, и голем број на фудбалски ѕвезди играат или играле за тимови во МЛС-лигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести