Педри, Кјеза и Филипс одиграа за десетка на Европското првенство

Федерико Кјеза, Педро Гонзалес Лопес, или попознат како Педри, и Калвин Филипс се трилингот фудбалери на кои најмногу им порасна цената според „Трансфермаркет“ со настапот на Европското првенство.

Сите тројца сега вредат за 10 милиони евра повеќе според познатиот сајт, кој ја прати вредноста на сите играчи на планетата.

Кјеза беше еден од најдобрите фудбалери на ЕП, а со Италија ја слави и титулата континентален шампион. Федерико играше извонредно и сега вреди 70 милиони евра, или 10 повеќе од проценетата вредност пред ЕП.

Ова сепак се само претпоставени суми на „Трансфермаркет“, а италијансите медиуми објавија дека Челзи веќе понудил околу 90 милиони евра за да го ангажира играчот на Јувентус.

Педри беше прогласен за најдобар млад играч на ЕП и сега вреди 80 милиони евра. Барселона го купи Педри лани летото за 7 милиони евра, што значи дека сега цената му порасна за над 11 пати.

Филипс беше соиграч на Езџан Алиоски во Лидс, одигра беспрекорно за Англија на шампионатот и отприлика сега вреди околу 40 милиони евра, или 10 повеќе од пред почетокот на ЕП.

На листата на „Трансфермаркет“ нема македонски репрезентативци.

 

- Оглас -

Најнови вести