Тажно – На малиот Јаков му треба помош, првата аукција не успеа, ќе има и втор обид за продажба на фотографијата со сите репрезентативци (Фото)

Првиот обид да се продаде заедничката фотографија на која се сите македонски репрезентативци што играа на Европското првенство за да му се помогне на малиот Јаков не успеа, па ќе има и втора аукција.

Никој не се пријави да лицитира за почетната сума од 1.000 евра во хуманитарната акција што ја организираа македонските фудбалски јунаци,од генерацијата што прва играше на големо натпреварување.

Парите треба да му помогнат на малиот Јаков за неопходната операција во странство, а минималната сума што е истакната за фотографијата на која се Пандев, соиграчите и селекторот Ангеловски е 1.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести