Се предизвика масовна тепачка по мечот меѓу Атлетико Минеиро и Бока јуниорс во осминафиналето од Копа Либертадорес, по што играчите на Бока решија физички да се пресметаат со противниците.
Во меѓувреме се огласи потпретседателот на Бока и легендата на аргентинскиот фудбал, Хуан Мануел Рикелме.
„Жално е што се случи, голем срам за клубот. Се надевам играчите ќе се покаат за своето однесување. Вака не се води грижа околу најголемото натпреварување во Јужна Америка“, истакна Рикелме.
Во инцидентите кои се случија во тунелот од стадионот, се вмешаа обезбедувањето и полицијата, има доста повредени, а моментално се истражува кој ја започна масовната тепачка. Полицијата не ѝ дозволи на Бока да замине, веројатно ќе има апсење за неколку играчи на аргентинскиот гигант.