Романскиот великан ФЦСБ, односно поранешна Стеауа Букурешт испадна во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Казахстанскиот претставник Шахтар Караганди одигра херојски и по поразот во првиот меч со 1:0, дома победи со 2:1, па мораа да се шутираат пенали за да се дознае победникот.
Во пенал-рулетот, фудбалерите на Шахтар беа безгрешни и сите пет изведувачи ја затресоа мрежата, додека кај ФЦСБ утна Морутан во третата серија и тоа беше доволно за романскиот гигант да испадне.
По завршување на мечот, газдата на ФЦСБ, контроверзниот Џиџи Бекали нервозно најави дека двајца фудбалери ќе добијат отказ од клубот.
„Вучер и Ондрашек се поранешни наши играчи. Тие ќе добијат отказ“, беше пораката на Бекали по мечот.
Интересно е што овие двајца играчи во ФЦСБ дојдоа ова лето, но очигледно дека газдата Бекали не е задоволен од нивниот квалитет и веќе реши да ги избрка.
FCSB owner Becal8 said he will sack two players following the embarassing Conference League exit: “Vucur and Ondrasek are both out. They will be released.” Both were signed this summer.
— Emanuel Roşu (@Emishor) July 29, 2021