Битолчани влегуваат во АБА 2 лигата!

Пелистер ќе биде вториот македонски претставник во регионалната кошаркарска АБА 2 лига. Битолчани ја прифатија поканата да ја претставуваат нашата земја во оваа лига, заедно со првакот МЗТ Скопје Аеродром. Пелистер беше првопласиран во регуларниот дел од нашата прва лига и затоа беа поканети, иако не играа финале на плејофот.

Битолските Зелено-бели се засилија со Љубомир Младеновски, како и со Младеновиќ и Американецот Чиз. Останаа Кесар, Трајковски, Стајиќ и Николиќ, и со најавените засилувања, екипата на тренерот Марјан Илиевски, ќе има што да каже во домашните натпреварувања, но и во дуелите со екипите од поранешна Југославија кои играат во втората јадранска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести