Перут Чемутаи од Уганда го освои златниот медал по победата во трката на 3.000 метри стиплчејс во женска конкуренција. Воедно ова е прво злато за африканската земја на овие Олимписки игри во Токио, односно прво злато воопшто за Уганда во сите спортови во женска конкуренција.
За национален рекорд, 22-годишната Чемутаи истрча време од 9:01.45 минути. Среброто ѝ припадна на Кортни Фрерич од САД, со бронза се закити Хивин Кијенг од Кенија.
https://twitter.com/Olympics/status/1422879094258155521
Прво злато за Кенија на овие Игри донесе Емануел Корир, кој победи на трката на 800 метри во машка конкуренција. Корир запиша време од 1:45.06 минути, а зад него беше сонародникот Фергусон Чериот Ротич, кој се закити со среброто. Бронзениот медал го освои полскиот атлетичар Патрик Добек.