Германските ракометарки фатија опасен залет и се кандидатки за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Франција, по денешната победа против Шпанија.
Избраничките на селекторот Гренер ја прегазија „црвената фурија“ со 29:23 и истакнаа кандидатура за настап во завршницата.
Триото Болк-Гешке-Шмелцер со по 4 погодоци го предводеа победничкиот состав кон нов успех и сега Германките имаат 4 бода, како и двете првопласирани селекции Романија и Холандија, но со меч повеќе.
Шпанија не успеа да им се спротивстави на разиграните ривалки и остана на последното место во групата два со три порази и без шанси за пласман во полуфиналето.