Распад-систем во Лил, шампионот за две кола прими една третина голови од лани (Видео)

Одбраната на францускиот првак Лил игра катастрофално лошо и во првите два кола во новата сезона во Лига 1 веќе прими 7 гола, или речиси една третина од ланските 23.

Ница ја искористи лошата форма на шампионот и го декласира со 4:0 на негов терен, а можеше да биде и полошо за најдобрата екипа во Франција во ланската сезона.

Гостите постигнаа и петти погодок, но беше поништен поради офсајд. Лани токму дефанзивата на Лил беше заштитен знак и голем адут на патот кон шесттата титула на клубот, а актуелниот првак прими само 23 гола на 38 натпревари.

Сега дури 7 пати им се тресеше мрежата, а Мец им даде три погодоци во премиерниот меч и денеска Ница дури четири како гостин на „Пјер Маруа“ во Лил.

Почна лошо за шампионот уште во првата минута кога Каспер Долберг погоди за Ница, а голеадата на гостите ја продолжија Будауи, Гуири од пенал и повторно Долберг.

 

- Оглас -

Најнови вести