Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра одличен меч за Лидс, а лидерот на табелата во Шампионат лигата го декласира Престон со 3-0.
Купер и на два пати Робертс беа прецизни за продолжување на импресивната серија на Лидс. По осум кола, клубот од Јоркшир има 18 бодови со пет победи и три нерешени средби.
Алиоски вообичаено беше стартер, го одигра целиот меч и не знае за пораз од стартот на новата сезона. Со новиот триумф Лидс сè повеќе ја истакнува кандидатурата за директен пласман во Премиер лигата, иако сè уште е првата фаза од шампионатот.