Пример за сиромашните: Малме влезе во групите на ЛШ, а за три години потроши само 2,5 милиони евра

Шведскиот првак Малме обезбеди учество во групната фаза во Лигата на шампионите откако по драмата во плејофот, го елиминира бугарски Лудогорец, а големиот успех го направи со минимални вложувања.

Самиот пласман во ЛШ се плаќа 15,25 милиони евра, а Малме по третпат во последните седум сезони е во елитното друштво на 32 најдобри тима во Европа. Во 1979 година, Малме беше и финалист на Купот на европските шампиони, тоа е негов најголем успех во историјата. Сега се далеку од тие славни денови, но и самото учество во ждрепката за ЛШ е успех за нив бидејќи со малку пари, заработија многу.

Последни инвестиции им беа двајца фудбалери за коишто платија вкупно 1,5 милион евра, но од продажба на играчи заработија 100.000 евра повеќе, па и така се во плус. За Вељко Бирманчевиќ, кој е нивен херој летово, платија милион, но повторно профитираа повеќе од тоа што го потрошија за Србинот. Ако продолжи тој да игра во иста форма, Малме сигурно ќе го продаде богато и пак ќе биде во голем финансиски плус. Клубот е вистински пример како паметно се работи и се заработува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести