Вардар одигра 0-0 на гостувањето кај Кораб во првото коло од Втората лига запад. За Црвено-црните, ова беше прв историски меч како второлигаши во самостојна Македонија.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб не настапи комплетен во Дебар, ги немаше на располагање новите играчи кои не беа регистрирани на време, па со подмладен тим и бодот е успех. Засилувањата треба да се појават во второто коло, во дербито против Силекс.
Силекс славеше во Кадино со 3-0, а Воска спорт, која е третиот ривал на Вардар сезонава, покажа моќ на гостувањето кај Гостивар и победи со 4-0. Четири гола даде и Охрид, кој ја совлада Беса со 4-1.