Победа против Вардар е дербито во првата фаза на македонскиот куп

Победа ќе му биде домаќин на Вардар во првата фаза на македоинскиот наципонален куп, а дербито ќе се игра во Прилеп на 15 септември.

Поранешните повеќекратни македонски шампиони, сега второлигаши, ќе бијат голема битка за пласман во осминафиналето.

Актуелниот првак Шкендија ќе му гостува на Кит-Го, а во првата фаза слободни се финалистите од ланското издание на Купот, Силекс, кој го освои пехарот, и Академија Пандев:

Двојки за 1/16-финалето во македонскиот куп:

Победа – Вардар

Кит-Го – Шкендија

Детонит – Македонија Ѓ.П.

Беса – Скопје

Слога Виница – Работнички

Велешта – Шкупи

Воска – Брегланица

Саса Каменица – Струга

Новаци – Тиквеш

Њу Старс – Борец

Кораби – Беласица

Љуботен – Пелистер

Локомотива – Охрид

Гостивар – Ренова

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести