Лацио и Сампдорија ремизираа при конечни 2-2 на средбата која се одигра на „Олимпико“. Во мечот од рамките ма 15. коло во Серија А, „лацијалите“ на десетина минути пред крајот беа во негатива, а Ачерби и Имобиле беа прецизни и остварија пресврт за домаќините, но сепак, буквално во последните секунди од мечот Сапонара го спаси тимот од Џенова од нов пораз.
Искусниот Квалјарела во 21-та минута им донесе предност на гостите, но Ачерби во 79-тата минута спречи нов срам на Лацио пред своите фанови. Се играше петтата минута од судиското надополнување, кога главниот арбитар досуди пенал во корист на Лацио, а Имобиле не погреши од белата точка. Иако се очекуваше дека тука завршува средбата, Сампдорија искористи златна прилика во последните моменти, а Сапонара ја казни разнишаната одбрана на Лацио.
По овој дуел Лацио ќе остане на петтото место на табелата со 25 бода, исто колку што има и Милан, додека Сампдорија со 20 бода сега се наоѓа на осмото место.