Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Никола Серафимов, вечерва постигна втор гол во пет кола сезонава во унгарската лига за неговиот клуб Залаегерсег. Никола има два погодоци сезонава, иако игра во одбрана.
За жал, двата гола на Серафимов беа на мечеви кои неговиот тим ги загуби. Денеска Залаегерсег беше поразен од Хонвед со 1-3, а македонскиот одбранбен играч во 75-та минута им покажа на офанзивците како се дава гол, и го ублажи поразот. Серафимов на овој меч доби и жолт картон.