Ландо Норис избегна потешка несреќа откако на денешните квалификации во пресрет на трката за Големата награда на Белгија, се заби во заштитната ограда и го искрши својот болид.
Возачот на Мекларен беше пренесен во болница на детални прегледи за да се утврди неговата состојба, а освен болки во лакотот нема други повреди, што значи дека утре ќе биде дел од трката на патеката Спа Франкошамп.
Во меѓувреме Мекларен прави проценка околу штетата на болидот со надеж дека сè ќе биде во ред. Инаку, Норис возеше одлично во првите и вторите квалификации пред да му се случи незгодата на влажната патека.
Стартот на белгиското Гран при е закажан за 15 часот, Макс Ферстапен ќе тргне од првата позиција.