Нови проблеми за Далиќ и Хрватска

Фудбалскиот национален тим на Хрватска вечерва (20:45 часот) гостува кај Словачка во вториот квалификациски меч од септемврискиот циклус, за којшто селекторот Златко Далиќ со крпен состав ќе се обиде да обезбеди позитивен резултат.

Како што е познато, за овој циклус Далиќ не смета на Лука Модриќ и Анте Будимир, додека пак пред ремито со Русија се повреди дефанзивецот Јошко Гвардиол, а сличен проблем има и првиот голман Доминик Ливаковиќ, кој со здравствени проблеми се здоби на вчерашниот тренинг.

Далиќ ќе мора да фрли во оган еден од двајцата резервни голмани, Симон Слуга од англискиот нисколигаш Лутон, односно членот на Осиек, Ивица Ивушиќ, на кого може да му биде дебитантски настап во сениорскиот дрес на Коцкастите.

Во групата Х Хрватска е на делба на првата позиција со Русија со по седум бода, Словачка има бод помалку, следуваат Словенија, Малта и Кипар со по четири бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести