Казни за францускиот хаос – Ница остана без два бода, мечот со Марсеј ќе се преигра

Француската фудбалска федерација беше немилосрдна за учесниците во хаосот што се случи на мечот меѓу Ница и Марсеј и казните за главните виновници се драстични.

Ница е казнета со одземање на два бода и следните три меча ќе ги игра без присуство на публика на домашен терен. Патем одлучено е и мечот со Марсеј да се преигра на неутрален терен откако беше прекинат по сериозниот инцидент при резултат од 1:0 за Ница.

https://twitter.com/GFFN/status/1435712131563937798?s=20

Физиотерапевтот на Марсеј нокаутираше домашен навивач и тој е суспендиран до крајот на сезоната. Димитри Паје, кој беше иницијалната каписла за инцидентот, доби казна од еден меч неиграње. Тој возврати на неспортскиот потег на домашната публика, која го гаѓаше со шишиња, и потоа настана хаос.

https://twitter.com/TheDailyDimeHQ/status/1433837193559252993?s=20

Навивачите на Ница влетаа на теренот за да се пресметаат со гостинските играчи, а во целата гужва најратоборен беше Алваро Гонзалес кај гостите и тој заработи два меча суспензија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести