Месут Озил сака да го напушти Фенербахче, објавија некои турски и шпански медиуми. Германскиот фудбалер во јануари го напушти Арсенал и потпиша тригодишен договор, но не се снајде во омилениот истанбулски клуб за кој навивал уште во детството. Озил за Фенер одигра само 15 меча, и даде еден гол.
Крајот на минатата сезона Озил го пропушти поради повреди и коронавирус, а сега наводно сака да си оди. Најголем интерес за Озил има од клубови од Катар и од американската МЛС лига.